МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Отфрлам секаква одговорност околу отпадот во Бургас и Варна

Разрешениот директор на „Дрисла“, Горан Ангелов на својот Фејсбук профил објави соопштение во кое ги негира обвинувањата кон него, а кои доаѓаат по истрагата во Бугарија.

-Отфрлам секаква одговорност околу отпадот кој се наоѓа на безцаринските зони во пристаништата Бургас и Варна. Не сум увозник нити нарачател на тој отпад и јас разбрав за тој отпад од бугарските медиуми. Горан Ангелов е косопственик во фирмата Балзион со влог од 15%, но не сум управител ниту директор на истата.
Денес сите Бугарски медиуми соопштија дека станува збор за неопасен отпад, а врз основа на анализите направени изминативе два дена од соодветните Бугарски институции (МВР, Обвинителство, Министерство за екологија). Вистината ќе ја види светлината на денот, пишува Ангелов.

Тој додава дека во Дрисла немале примено или увезено ниту еден килограм отпад од странство, а не пак опасен или токсичен, за што како што пишува, сите релевантни македонски институции се изјасниле.

-Зарем мислите дека јас ќе ја загрозам мојата сигурност, безбедноста на вработените и на сите граѓани од Скопската котлина со вакви измислени увози на опасен отпад. Не заборавајте дека и јас сум секој ден на работа во Дрисла и не сум во стаклено ѕвоно, туку секој ден сум на депонијата. Сепак и мојата фамилија живее во Скопје, зарем би дозволил да си ги трујам децата. Престанете со манипулации и барајте ги вистинските загадувачи во Скопската Котлина, кои Вас, мене, Вашите и мојата фамилија ја трујат. За на крај да Ви поставам едно прашање: Дали е случајно што се создаде афера во Бугарија, каде ние Македонците сме посочени за увоз на отпад, а во меѓувреме има уште сто такви афери каде не се објавуваат нити иницијалите на сопствениците и управителите, а во голем случај ниту фирмите кои се инволвирани во слични случаии, ама нас не посочија со Име и Презиме, не оцрнија, не прогласија за виновни и чекаме “бесилка”. Зарем правилото на презумпција го заборавија во Европска Бугарија. “Случајно” денес се трансформира Дрисла од ДОО во ЈП и ќе биде сменет и директорот Горан Ангелов. Филигранска случајност, пишува разрешениот директор на Дрисла.

Поврзани вести

Продолжува собраниската седница за избор на заменици-министри

Александар Петровски

Се одбележува Светскиот ден на безбедна храна

Заев: Кој направил штета врз државниот буџет ќе си одговара

Александар Тодески

Притвор од 30 дена за скопјанец за недозволена трговија со хашиш во Куманово

Александар Петровски

Од утре прекинува со работа жичарницата на Водно

Во Дебар еден новозразен, 20-ти случај во изминатата недела

Влатко Зорба