МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска се изјасни за ненадалежна по пријавата од Чулев, отфрли и приговор од ВМРО – ДПМНЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната јавна седница ги отфрли наводите од приговорот и го затвори предметот доставен од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, а во кој се наведува дека ЈП Државни патишта и други државни инситуции односно Зоран Заев и Љупчо Николовски овозможиле партиски предизборен јавен настан за политичка промоција финансирана со буџетски средства, со што е направена повреда на Изборниот законик и Законот за спречување корупција. Според ВМРО – ДПМЕНЕ, настанот се случил 21 јуни при увид на изградба на експресен пат Штип-Кочани.

Сепак, ДКСК овој приговор ќе го достави до ДИК затоа што, како што беше речено, таа е надлежна да каже дали одредено дејствие има елементи на изборна кампања пред започнувањето на изборната кампања.

ДКСК се изјасни како ненадлежна и ќе ја достави пријавата до ДИК пристигната од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев против одлуката на Владата за поништување на решение за разрешување и именување, информира Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Во пријавата Чулев наведува дека донел решение на 22 јуни за именување на Гоце Јанкуловски за началник на СВР Тетово, како 15-то распоредување, а за разрешување на Амир Демети и негово распоредување за дополнителен заменик началник на СВР Тетово.

ДКСК се изјасни за ненадлежна за постапување и предметот ќе го проследи до Државниот управен инспекторат во врска со вонреден инспекциски надзор во Службата за општи и заеднички работи поради сознанија за непочитување на законите и вршење притисок врз вработените по повеќе основи како што се незаконски распоредувања и деградирања на работни места, како и дисциплински постапки и непочитување на правото на вработените за користење годишни одмори.

Поврзани вести

Албанските медиуми отстапија широк простор за изборот на новата македонска влада

МП: Укинувањето на членот 11а нема да влијае на помилувањата

Ивана Рамаданова

Сечејќи дрва ја усмртил својата сопруга

Никола Поповски

ССК обезбеди тунел за дезинфекција за Институт за белодробни заболувања кај децата

Нова одлука на Влада: Работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси не смее да отпушта вработени

Јанакиески за Космос: Објектот е дивоградба, гарантирам за тоа

Александар Тодески