МАКЕДОНИЈА Политика

Апасиев: Си игравме дрндупки со ДИК, системот не функционира

„Сето ова што ние го правевме со филибастерингот во ДИК е да ги соголиме институциите. Никој не добил избори на приговори, тоа беше стратешка одлука. Тука имате цел систем на крадење на изборите“, изјави Димитар Апасиев во емисијата „Само интервју“.

„Ние само сакавме на членовите на ДИК да им ги извадиме низ нос бонусите кои си ги делат. Дерковски рачно ги потпишувал сите 2000 решенија, му требале околу 5 часа за тоа. Едноставно, си игравме дрндупки со системот кој не функционира“, рече Апасиев.

Тој соопшти дека добивал закани по живот.

„Заканите доаѓаат од две структури“, од кои едната е, како што рече, „блиска до претседателот Стево Пендаровски, односно до Агенцијата за разузнавање“ и втората закана, истакна тој, „доаѓа од Зоран Заев“.

„Оваа закана доаѓа од еден пајташ од ИЕ 3. Јавно му порачувам дека не треба да ме бара, туку само уште еден збор да ми прати јас ќе го најдам за 24 часа. Кога нема систем да те штити должен си да се заштитиш“, рече Апасиев.

Поради овие закани, додаде тој, информирал еден странски амбасадор и воедно дал насока за мобилизација на членството.

Поврзани вести

„Пошта“ се извини за маркичката со картата на Голема Хрватска, ќе се поништат 6.000 примероци

Коха: Артан Груби – вицепремиер во новата влада

Никола Поповски

Новите предлог мерки сe последниот чекор пред воведување на полициски час, најави Филипче

Берта Китинска

Трипуновски: АХВ речиси половина година не вршела никаква проверка на безбедноста на храната

Влатко Зорба

Излезноста во Гевгелија е 52,35 отсто до 17 часот

Филипче ја завршува својaта 14-дневна изолација, негативен е и вториот тест на Ковид 19

Берта Китинска