МАКЕДОНИЈА

Апелација ја одби како неоснована жалбата на Камчев за враќање на пасошот

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на осомничениот во „Империја“ Јордан Камчев и го потврди првостепеното решение со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција.

– Апелацискиот суд донесе решение со кое жалбата на осомничениот Ј. К. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди, соопшти Апелација.

Од Апелација информираат дека вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движење на предметите во судовите.

Одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, на 23 јануари годинава во Апелацискиот суд во Скопје, рече дека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор.

Поврзани вести

Бектеши: Возилата со странски таблички ќе се регистрираат со 50 отсто намалени давачки

Никола Поповски

Еврејската заедница: Не може никогаш да бидеме дел од ничии политички кампањи

Тачи: Албанските политички партии прават грешка што не назначуваат лидери на високите позиции во Владата

Метју Палмер во посета на Скопје на средба со Димитров

Maja_Serafimova

„Зелена Револуција“ го поздравува чекорот на Владата за прифаќање на првичните барања

Ивана Рамаданова

Шилегов за ДУП-от кај фабриката Треска: Претходната власт планирала 4 или 5 згради долж Рузвелтова