МАКЕДОНИЈА

Армијата се вклучи во тестирањата за Ковид-19

Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.

Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.

Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица.

МЗ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој корона вирусот, да соработуваат со епидемиолозите, и да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.

Само преку целосно придржување на мерките може да го спречиме ширењето на коронавирусот, истакнуваат од МЗ.

Поврзани вести

Најавено конституирање на собраниските комисии

Никола Поповски

Анкета на Детектор: 75 проценти бараат повисок данок за казината и спортските обложувалници

Берта Китинска

Просечната нето-плата во мај 2020-та е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани

Влатко Зорба

Владата предводена од СДСМ на дело покажува дека е посветена бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата

Александар Петровски

Жбогар: Законот за ЈО и Изборниот законик мора да се донесат

Viktor Jovanov

„Правда за Кољо“ по вторпат низ улиците на Скопје: „Ако пресудата е само три години, каква порака даваме на младите?“