МАКЕДОНИЈА Политика

Арсовски: Незадоволството во ДУИ е што од општинските организации се лиферуваат едни исти имиња

Аналитичарот Петар Арсовски во гостувањето на ТВ 24 истакна дека новина во ДУИ е што првпат има недисциплинирани пратеници.

-Точно е дека е кревко мнозинството во Парламентот, но тоа не значи дека периодот ќе биде исполнет со нестабилности. Претходното мнозинство на Заев беше уште послабо па успеа да донесе некои од најкомплицираните закони за кои се бара и двотретинско мнозинство. Но точно е дека предизвиците ќе бидат поголеми во овој парламентарен состав.

Ова е првпат ДУИ во својот состав да има недисциплинирани пратеници, тоа е новина во оваа партија. Она што се знае за организациската поставеност на ДУИ е што општинските организации се многу силни, за да бидат поблиску до гласачите.

Мислам дека проблемот во ДУИ кој побуди незадоволство е што од истите општински организации лиферуваат исти имиња, односно тоа во општина Чаир се Артан Груби и Бујар Османи. Незадоволните сакаат да има ротација на ликови бидејќи треба да има повеќе кандидати, смета Арсовски.

Поврзани вести

Акција во Битола: Носете маски

Влатко Зорба

Молк кај надлежните – Условите од Бугарија се чист политички акт или сериозна закана за идентитетот?

Maja_Serafimova

Карбинци за една година ќе добие вода од ХС „Злетовица“

Влатко Зорба

Ќе се легализираат дивоградбите во Охридско само ако не се спротивни на препораките од УНЕСКО

Никола Поповски

Мицкоски: Постои внатрепартиска дебата за намалување на бројот на вицепремиери ако дојдеме на власт

Филипче: Се намалува бројот на хоспитализирани со Ковид-19