МАКЕДОНИЈА

Авион од Милано утре пристигнува во Охрид, патниците прво на проверка кај епидемиолози

Авион со патници од Милано, град кој се наоѓа во ризичните делови на Италија, утре ќе слета на охридскиот аеродром.

На аеродромот пак, сѐ уште нема поставено термална камера, па сите патници кои ќе слетаат ќе бидат прегледани со бесконтатен пиштол за мерење на телесната температура, а ќе бидат и анкетирани од епидемилозите кои вршат мониторинг на аеродромот во Охрид.

Од охридскиот центар за јавно здравје смируваат дека контролите се доволни, додвајаќи дека сите патници до сега соработувле со тимот епидемиолози.

На Меѓународниот аеродром Скопје пак, термалната камера е наместена на место каде што ги опфаќа сите патници кои слетуваат како од земјите кои се сметаат за ризични, така и од сите останати земји.

Поврзани вести

Шилегов: Имаме готова проектна документација за претпријатието „Градски енергетски системи“

Христина Николовска

МТСП: Детето со церебрална парализа напуштено од мајката сместено во мал групен дом

Рамадани за влезот во НАТО: Македонија конечно рамноправна со најголемите светски сили

Viktor Jovanov

Алијанса за Албанците: МВР и обвинителство да го испитаат непочитувањето на полицискиот час за време на Велигден

Влатко Зорба

Касами: Беса ја поддржува секоја одлука која ќе се донесе со консензус околу организација на парламентарните избори

Владата бара Дебарца, Охрид и Струга да го интензивираат исполнувањето на препораките од УНЕСКО

Александар Тодески