МАКЕДОНИЈА

АВМУ апелира да се остават новинарите непречено да ја вршат својата работа

Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

Агенцијата, стои во соопштението, во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа, подвлекуваат од АВМУ, треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци.

– Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, се посочува во соопштението од Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги.

Поврзани вести

Груби повикува на смиреност и умереност: Време е да ги засукаме ракавите

Извлечени нови 15 добитници на 100.000 денари од наградната игра „Мој ДДВ“

Влатко Зорба

Османи: Ќе се разговара за полициски час од 19.00

Берта Китинска

Угостителски објекти да работат до 21 часот, предлага КЗБ

Берта Китинска

Царовска: Учебната година ќе започне на 1. октомври со онлајн настава

Берта Китинска

Заев и Филипче го пуштија во употреба реновираниот кат на скопската Клиника за гастроентерохепатологија

Maja_Serafimova