МАКЕДОНИЈА

Автобусот на „Дурмо турс“ имал вграден уред со кој се манипулирала брзината на движење

Автобусот на „Дурмо турс“ имаше вградено уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента. Ова на денешното рочиште за несреќата кај Ласкарци го изјави Џемаил Саили, еден од возачите. Според него, биле група од тројца возачи на тој автобус и сами воделе и пополнувале тахографска лента и патен налог за секоја релација.

„Не знам кој вградил таков уред. Мене не ми беше потребен и не користев. Знам дека во двата автобуса што ги возев имаше таков уред што се активира со копче на левата страна на воланот“, изјави сведокот Саили.

На денешното рочиште претходно беше сослушан сведок, кој со приватен автомобил возел зад автобусот на Дурмо турс кој истакна дека не приметил ништо невообичаено кај автобусот, како чад, истекување или друго нешто.

На прашање од одбраната, бидејќи претходно кажал дека се движел со брзина од околу 70-75 километри на час, да објасни дали со таа брзина му се доближувал или одалечувал на автобусот, сведокот не можеше точно да каже.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари, годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Поврзани вести

Марковска: Подобро ќе беше да се одложеа изборите и да се донесе квалитетен закон за ЈО

Viktor Jovanov

Димитров: ВМРО-ДПМНЕ бега од одговорност, ја жртвуваат европската иднина на државата

Viktor Jovanov

Со монолози на ВМРО-ДПМНЕ продолжува седницата за разрешување на Мизрахи

Александар Тодески

Земјотрес од 4.3. по Рихтер со епицентар во Албанија почуствуван во Скопје

Влатко Зорба

Морачанин: Неопходни се квоти за поголема застапеност на жените во јавниот живот

Viktor Jovanov

Од полноќ се затвора Меѓународниот аеродром Скопје