МАКЕДОНИЈА

Бајрактар: Кризниот штаб за справување со коронавирусот треба да донесе одлука за колективниот одмор

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар денеска изјави дека не е донесена одлука од понеделник сите вработени лица да користат колективен одмор, како еден од мерките за справување со коронавирусот и оти тие ќе се креираат согласно потребите.

– Во моментот нема таква одлука. Кризниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира согласно потребите што ќе се појават овие денови, изјави Бајрактар одговарајќи на новинарско прашање.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) вчера испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 20 април да бидат неработни.

Причината за ваквиот предлог, како што наведуваат во соопштението, се предвидувањата дека пикот на пандемијата ќе биде кон средината на април, а во тој период има големи верски празници како што е Католички Велигден на 12 април, Православниот Велигден на 19 април. – Оттука претпоставките се дека заразата може да се рашири многу повеќе од очекуваното, велат од КСС.

Платите за дневници за вработените во тој период би биле на товар на Владата, а фирмите што се уште се ликвидни тој товар би го понеле сами во знак на солидарност.

Поврзани вести

Адеми: Ја прекинавме тридецениската изолација на Македонија

Viktor Jovanov

Заев: Оваа Влада е мала, но секој од министрите ќе се посвети на успешно и ефикасно работење

Александар Петровски

ЕСМ: Прекината е праксата да се увезува скапа струја што ја практикуваше лидерот на опозициската партија

Одложен фестивалот Мозаик поради препораките за ограничување на масовни јавни собири

Влатко Зорба

На ГП Табановце излегле вкупно 79 македонски државјани од утрово до 14 часот

Гласовите погрешно се распределуваат, ДИК рачно ќе ги проверува записниците