МАКЕДОНИЈА Политика

Беса потврди: Касами нема да оди на лидерската кај Ахмети

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод годиншнината од потпишување на Рамковниот договор.

Во соопштението на ова партија се вели дека тие се за воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

„Движењето Беса уште еднаш го потврдува својот принципиелен став да воспостави еден модел кој ќе воведе правила дека средбата на албанскте парламентарни парти ќе се реализира после формирање на новата владата, за албанските парламентарни партии во владата да се обврзат со одговорности за реализација на прашањата со голем интерес за Албанците. Исто така, пред завршување на мандатот на албанските политички парти во владата, тие да дадат отчет за реализација на прашањата за кои заеднички се договарале“, велат од Беса.

Од партијата на Зијадин Села објавија дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии.

„И како таков сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.8.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернативата до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Конкретен одговор нема ниту од лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

ДУИ, сепак, не ја откажува средбата, а од партијата велат дека остануваат достапни и отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум.

Поврзани вести

Владата го раскина договорот за концесија на Охридското Езеро

ВМРО-ДПМНЕ не донесе одлука за напуштање на Собранието

Александар Тодески

Филипче: Уверувам дека секоја одлука која ја носиме е во интерес на зачувување на јавното здравје

Берта Китинска

Казнети 1068 граѓани за неносење маски

Берта Китинска

Влада: Тие што ќе одбијат самоизолација или пак даваат лажни информации, одат во државен карантин на свој трошок

Приоритет на ЕК е почнување преговори со земјава

Stefanija Kuzmanovska