МАКЕДОНИЈА

Бесими: Интеграцијата во ЕУ значително ќе влијае на економскиот раст

Доколку Македонија има еден кредибилен фактор кој влече во однос на реформите, конкретно европската интеграција, тоа ќе влијае на економскиот раст. Со економски раст од 4,7 отсто како што беше во 2019, доколку истиот трае до 2035 ќе им се приближиме на европските земји, изјави универзитетскиот професор Фатмир Бесими во вечерашната дебата на Телма телевизија.

-Реформи на добро владеење, односно реформите на ЕУ, економска продуктивност, и човечкиот фактор, овие работи имаат комулатаивен ефект. За тие реформи треба да има консензус помеѓу политичките фактори бидејќи истите имаат поголем рок односно потребно им е повеќе време од еден мандат на влада, вели Бесими.

Тој додава дека од бизнис заедницата се бара долгорочна стратегија, бидејќи со тоа ќе се направи достигнување на нивото на економски раст на земјите од ЕУ.

– За да ги стигнеме земјите од ЕУ кои имаат не толку развиена економија, потебни ни се 15 години доколку веднаш започнеме со преговори со Унијата. Од економски аспект тоа не е многу долг период, вели Бесими.

Поврзани вести

Богоевски: Каде пишува во Уставот дека Македонците се сопственици на оваа држава?

Никола Поповски

Светски ден за борба против хепатитот: Во земјава регистрирани 91 заболен од хепатит Б

Организации и граѓани со барање до институциите да се преиспита забраната за движење во шуми

Берта Китинска

Лекар од штипската Брза помош позитивен на Ковид 19, шестмина колеги во изолација

Влада: Ќе се намали наградниот фонд за „Мој ДДВ, МојаНаграда“

Влатко Зорба

Денеска сончево, од утре дожд и пад на температурите

Берта Китинска