МАКЕДОНИЈА Политика

Бишевац: Не сум убеден дека Заев собрал 61 пратеник

„Не сум убеден дека господинот Заев го има потребното мнозинство. Тој мандатот го добива во уставниот рок од десет дена од конституирањето на Парламентот, што е вообичаена пракса“, вели поранешниот пратеник Сафет Бишевац во емисијата „Само вистина“.

„Дали ќе има мнозинство останува да се види во 20-те денови кои доаѓаат, но јас не сум сигурен дека има собрано 61 пратеник“, смет Бишевац.

Тој го нарекува „весела математика“, утрешното можно продолжување на конститутивната седница во Собранието со избор на претседател.

„Зоран Заев без ДУИ нема мнозинство, како и да прави. Треба да обезбеди пратеници или од ВМРО-ДПМНЕ или од Левица. Ако ДУИ не е дел од договорот, Заев нема мнозинство“, изјави Бишевац.

Поврзани вести

Вархеји: Регионот да работи повеќе да ја зголеми довербата во институциите, корупцијата главен проблем

Влатко Зорба

Од 12 до 18 часот: Вакцинацијата на децата во сите поликлиники во Скопје

Пендаровски: Владата ќе може да го ограничи движењето, ве повикувам да бидете дисциплинирани и одговорни

Детектор анкета: Граѓаните се против увоз на отпад и целосно подготвени да почнат со селекција

Stefanija Kuzmanovska

Приватните стоматолози нема да протестираат, ФЗО и МЗ прифатија дебата

Viktor Jovanov

Каевски: Во постојана комуникција сме за координација околу почнување на спортските активности