МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Сите мерки кои ги донесовме против пандемијата, имаат во себе вредности на социјалдемократијата

„Владината програма е симбиоза на 2 програми во суштина, без притоа да се чепне во вредностите кои ние ги застапуваме“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за емисијата „Вин-вин“.

Тој вели дека секојдневно функционира со социјалдемократските вредности и дури и во сите мерки кои ги носат во однос на пандемијата, имаат во себе вредности на социјалдемократијата, а тоа се солидарноста, еднаквоста, праведноста и правичноста.

„Toа се универзални вредности на социјалдемократите. Овде немаме разединување со коалицискиот партнер затоа што се универзални вредности“, смета Битиќи.

Во однос на опозицијата, тој вели дека тие не треба да бидат чинител кој што не треба да ги поддржи.

„Затоа што на крајот на денот ние кога велиме дека ќе обезбедиме 70 милиони евра за стопанството, ние не ги делиме на наши и ваши, туку тие сите се наши граѓани“, вели вицепремиерот за економски прашања.

Поврзани вести

Во Куманово се поставува монтажна болница за ковид-случаи

Никола Поповски

Бочварски вети надминување на проблемот со дотраениот мост на Вардар кај Башино село

Влатко Зорба

Земјотрес во Драч, почувствуван и во Македонија

Viktor Jovanov

Села: Ќе коалицираме со оној кој ќе ја прифати нашата платформа

Задутре истекува 30-дневната вонредна состојба, Советот за безбедност ќе одлучува за продолжување

Берта Китинска

„Фридом хаус“: Северна Македонија бележи напредок, но и натаму е делумно слободна земја

Берта Китинска