МАКЕДОНИЈА

Битолчанец повикувал на насилство на Фејсбук: „Да ги зaпалиме хотелите каде што се џаолите“

Со појавата на епидемијата на коронавирусот се зголеми и стравот кај граѓаните.

Па така дел од граѓаните од Битола преку социјалните медиуми го изразија стравот дека нивниот град ќе стане ново жapиште на коронавирусот откако македонски државјани вратени со хуманитарни летови беа сместени во државен кapaнтин во градот.

-Ајде браќа сестри сите сложно да ги запалиме хотелите во кои се сместени „џaoлите“ , пишуваше во една од објавите.

По ваквиот повик на насилство од одредени граѓани заменик-министерката за внатрешни работи – Славјанка Петровска, извести дека веќе овој случај е пријавен во полицијата.

-Попладнево на социјалната мрежа ФБ беше споделуван пост од лице кое повикува на насилство кон нашите сограѓани кои се наоѓаат во хотелите кои се наменети за државен карантин. Случајот го пријавив и се постапува. Повикот за линч, насилство и говор на омраза не смее и нема да биде толериран, без оглед кон кого е насочен, соопшти Петровска.

Поврзани вести

Собранието денеска треба да го донесе Буџетот за 2020 година

Никола Поповски

Две воспитувачки од Тетово позитивни на коронавирус

Берта Китинска

Тинејџер удрил во две деца со автомобил и избегал

МО: Ќе го решиме статусот и на 75. генерација професионални војници

Ивана Рамаданова

Ги запознаваме ретките болести: Наследна Тироцинемија

Stefanija Kuzmanovska

Спасовски во Чучер Сандево: Следува и годишна поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра