МАКЕДОНИЈА

Блокиран автопатот Тетово – Скопје заради поскапувањето на струјата (ВИДЕО)

Aвтопатот Тетово-Скопје вечерва беше ненајавено блокиран 30-тина минути поради протест.

Протестот беше организиран од дваесетина автомобили со луѓе од дел од иницијативата „Доста е”  коивеќе осум недели организираат јавни протести во тетовско поради незадоволство и револт од зголемување на цената на електричната енергија.

Околу 19 часот групата со своите автобилите стигнаа до пред Желино каде го блокираа движењето на останатите возила на потегот од Тетово до Желино. Сообраќајот на тој начин беше блокиран околу 30-тина минути по што групата ги тргна возилата и замина.

Ваков протест со блокада на автопатот имаше на 21 август. Минатата недела јавни протести беа организирани и во неколку рурални средини.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на пет отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој што ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.

Policia arrinë në vendin ku protestuesit kanë bllokuar rrugën

Gepostet von Albanews24 am Freitag, 25. September 2020

Поврзани вести

Излекуваниот доктор Аголи од Дебар раскажа како успеа да го победи коронавирусот

Берта Китинска

Јовева: Новата методологија е конкретен чекор кон едно „да“ за Македонија

Viktor Jovanov

Манчевски: Системот за електронски здравствени картички не функционира и ќе се укинува

Почина пациент од Охрид позитивен на Ковид 19

Берта Китинска

Европарламентаците бесни на Макрон поради Скопје и Тирана

Влатко Зорба

Денеска одлука – дали ќе има нов полициски час или враќање во нормала?