МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Штип е на удар од трет бран на Ковид-19

Се случи масовно тестирање во една фабрика во Штип, газдата ги тестирал вработените и излегоа 30 позитивни. Ова што се случува во Штип е своевиден трет бран. Се вклучи алармот дека имаме сериозен удар од КОВИД-19.Во тој момент и претходно ја следевме состојбата, но овој ден беше удар кој што покажа дека имаме враќање на еден трет бран, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

-Бидејќи фабриките каде што е регистрирано присуство на заразени од КОВИД-19 се затворени, се надеваме дека бројот на заразени ќе се ограничи и намали во наредниот период. Тука морам да кажам дека општина Штип, како и другите општини имаат намалени ингеренции. Она што е во нашиот делокруг на работа максимално го почитуваме. Во сите фирми кои што денесека се затворени или не работат е разговарано и укажано е на опасноста. Сите тие или не работат или работат со намален капацитет, вели Бочварски.

Поврзани вести

Последниот земјотрес бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Никола Поповски

Вирусот зема уште четири жртви во Македонија

Берта Китинска

Владата до 2024 планира да отвори 80 отсто од поглавјата за влез во ЕУ

Александар Петровски

Фросина Ременски денска дава исказ за „Меѓународниот сојуз“

Ивана Рамаданова

Заев упати телеграма со сочуство до семејството на доктор Магдалена Антова Велевска

„Њујорк Тајмс“: Пораз на Заев на изборите може да повлече несигурност во земјата и во регионот