МАКЕДОНИЈА

Богановиќ: Државното земјиште во Пролет ќе биде зеленило, ќе направиме и градинка

Државното земјиште кое било предвидено за градба во општина Центар ќе се пренамени во зеленило. Ова го кажа пред советниците градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, кој кажа дека со ова придонесуваат во значително зголемување на зеленилото во општината.

„Кај Основното училиште „11 Октомври“ имало само обична барака, но никаде немало градинка. Ние предвидовме изградба на нова детска градинка. Објектите предвидени за градба, а се сопственост на државната власт, ние решивме да ги пренамениме за зелена површина. Објектите кои се наменети за паркинг, ќе ги пренамениме за граѓаните“, рече Богдановиќ.

Преку промена на ДУП-от, се предивдува и изградба на монтажен паркинг во населбата Пролет, со што, како што рече градоначалникот на Центар, ќе се реши проблемот со паркирањето.

ДУП-от поминал и на јавна анкета, за што Богдановиќ рече дека поминал со преполна сала и аплауз, како од советниците, така и од граѓаните.

„Нема да има зграда до зграда и да си гледаат соседите дома, туку има значително растојание меѓу зградите. Новата градинка е во склоп на училиштето и се работи за убава површина согласно параметрите за градинка. Површината е на 1992 метри квадратни. Висината е според прописите, а има предвидено и двор“, додаде градоначалникот Богдановиќ.

По две години, градоначалникот вели дека направиле максимални напори да се измени она што може, бидејќи до сега Деталните урабистички планови биле ревидирани. Следниот ДУП кој ќе биде презентиран, петти од 31 ревидиран, ќе биде кај Тасино Чешмиче.

„Целта е да покажеме една друга слика од претходно, кога планови се носеле без јавност, во 3 часот наутро се заради нечии интереси. Наша задача како општинска администрација е да придонесеме за непречени услови за да се направат измените“, истакна Богдановиќ.

Просторот каде што сега е кафеаната „Кај Злате“, а кој е сопственост на општината, градоначалникот на општина Центар најави дека во моментов се приспособува и ќе биде пренаменет во дневен центар за лица со посебни потреби, проект кој се прави во соработка со Црвен Крст.

 

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Мерки за заштита од коронавирусот воведува и Скопската православна епархија

СДСМ останува посветена на обезбедување што повеќе пари во секое семејство

Заменик министерот Бајрактар ги презел овластувањата и одговорностите во МТСП

Граѓаните да не паничат храна има доволно – за поскапување казни до 5.000 евра

Општина Карпош мапираше критични точки за потенцијални депонии

Влатко Зорба

Четири контејнери запалени попладнево на улица Даме Груев (ФОТО)

Александар Петровски