МАКЕДОНИЈА

Богдан Дамјановски е лицето кое се јавило во УЈП за да ги плати долговите на 1ТВ

Со долг од 400 илјади евра, 1ТВ доби нов сопственик. Пензионерот Богдан Дамјановски, името кое доколку се пребарува на интернет може да се види дека во 2003 година се јавува како бизнисмен заинтересиран да го купи ФАС „11 Октомври“ ја земал телевизијата без да ја плати, но со договор да го плати долгот.

Телевизија Телма стапила во контакт со Дамјановски, кој потврдил дека станува нов сопственик на 1ТВ.

Во јавноста како сопственик на телевизијата се претставуваше Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој сега е во притвор и е обвинет за случајот „Рекет“, но и осомничен за продолжението на случајот, дека земал пари од бизнисмени за градење на старечки домови кои никогаш не беа изградени.

Во случајот „Рекет“ освен него, обвинети се и екс специјалната обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец. Во продолежниот случај пак, осомничени се пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието, Фросина Ташевска – Ременски, асистентката на Боки 13, Христина Блажевска, но и официјалните сопственици на 1ТВ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски и потпретеседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ.

УЈП вчера најави дека ќе поднесе кривична пријава за Бојан Јовановски за затајување данок, и обелодени дека во фирмите поврзани со 1ТВ имало вкупен долг од 400 илјади евра.

Поврзани вести

Шекеринска: Денешниов ден го чекавме речиси 30 години, нека ни е честито

Ципрас прашува: Како ЕУ не може да ја поддржи Северна Македонија која придонесува за решавање на долгогодишни европски прашања?

Никола Поповски

Починаа три лица позитивни на Ковид 19 во земјава

АВМУ апелира да се остават новинарите непречено да ја вршат својата работа

Ковид 19: Скопје и Куманово со најголем број заболени, досега излекувани 627 лица

Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа неуставен закон за јавно обвинителство

Stefanija Kuzmanovska