МАКЕДОНИЈА

Богоев донираше крв во хуманитарна акција организирана од општина Карпош

Поради актуелната пандемија од коронавирус и неможноста крводарителите да донираат крв, се јави потреба од нови крвни единици кои се потребни за секојдневно лекување на пациентите на клиниките.Затоа, денеска, општинската администрација на Карпош донираше 40 единици крв за потребите на Инситутот за трансфузиона медицина.

Оваа хумана акција се спроведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Карпош, а во истата се приклучија и градоначалникот Стефан Богоев, други членови на администрацијата како и доброволни дарители од наставниот и воспитен кадар од основните училишта и градинките од Карпош.

-Почитувајќи ги новите протоколи и мерки за заштита, секој крводарител носеше заштитна маска, се одржуваше дистанца, а во рамки на еден час можеа да донираат крв максимум пет лица. Претходно, на секое лице му беше измерена температура, притисок и проверка на хемоглобинот во рамки на вкупната процедура при дарувањето крв во вакви вонредни услови.Општина Карпош е една од институциите со најголем број на крводарители, а овие акции се повеќегодишна традиција. Карпош е изграден како резултат на светската солидарност и локалната самоуправа ќе продолжи со помош и поддршка на граѓаните, велат од општината.

Поврзани вести

Aпел останете дома: Затворени молови, кафитерии, обложувалници

Братот на осомничениот за убиството за Пино: Сè што знам за убиството е од медиумите и од емисијата „Код“

Никола Поповски

Шукова: СДСМ го поддржува предлог законското решение за забрана за увоз на отпад

Ивана Рамаданова

Демостат: Дали Заев ќе биде тој што ќе го испрати Ахмети во политичка пензија?

Никола Поповски

Од фонтаните во центарот на Струмица, наместо вода тече пена (фото)

Никола Поповски

Постепено ќе ги враќаме учениците во училишните клупи, вели Царовска

Берта Китинска