МАКЕДОНИЈА

Богоев одново ќе ја презентира јавната анкета за предложениот ДУП за Трнодол

Денеска во 15:30 часот во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ ќе се одржи новата јавна презентација по претходно направената јавна анкета за предложениот Детален урбанистички план во Општина Карпош за Градска четврт Ј03, блок 7, за делот околу Трнодол. Градоначалникот Стефан Богоев истакна дека нема да има никаква нова населба над Трнодол и дека соседната населба, отфрлајќи ги сите лажни вести за наводната нова населба.

„Морам да потенцирам дека согласно барањата на граѓаните на Трнодол од летово, ние се согласивме да одржиме нова јавна презентација и нова јавна расправа за предложениот ДУП. Јас како градоначалник на Општина Карпош имав средба со седум претставници од населбата, на која присуствуваше и претставник од Град Скопје, како и стручни лица од Општината. Од таа средба произлегоа и барања на граѓаните кои ние ги прифативме, а за сето тоа постои и уреден записник. Сите граѓани кои ќе градат согласно позитивните законски прописи, се должни да направат геомеханички истражувања на земјиштето и доколку има потреба да постават шипови, со цел да се направи стабилизација на земјиштето, рече Богоев, кој ги повика граѓаните да не веруваат на политички конструкции и манипулации пласирани од поединци поради нивни лични или партиски мотиви.

Богоев минатата недела одржа и брифинг со новинарите, со цел да го објасни претстојниот процес и измените, а со цел да се спречат лажни информации и злоупотреби околу постапката на донесување на овој ДУП. За прв пат при носењето на некој детален урбанистички план во Карпош, повторната јавна анкета ќе трае подолг временски период и по завршување на работното време на општинската администрација, односно секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“, а ќе трае до 27.12.2019 година. Иако законскиот минимум за повторна јавна анкета е пет дена, на барање на Богоев, овој пат таа ќе трае 11 дена.

Првиот човек на Општина Карпош истакна дека се прифатени сите суштински забелешки на граѓаните, а со предложениот ДУП, се овозможува правилен и рамномерен развој на овој дел од Карпош.

Согласно измените, целосно се заштити делот меѓу патот за Трнодол и патот за Жданец, т.н. „чатал“, кој ќе биде со намена Д2 – заштитно зеленило, дел кој претходно бил со намена Д1 – парковско зеленило. Богоев ќе го исполни и предизборното ветување за нов парк, а како што напомена, со предлог ДУП-от се спречува т.н. „дебармаализација“ на Трнодол. Со цел поголема сигурност и безбедност на граѓаните, при реализација на Деталниот урбанистички план, во посебните одредби ќе се обврзат да изработат соодветни геомеханички испитувања и притоа да обезбеди согласност од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Богоев истакна дека е завршено времето кога ДУП-овите во Карпош се носеа за време на празници, далеку од очите на јавноста, додека граѓаните се на работа или за време на летните одмори. Оваа постапка ја потврдува заложбата на Општината, овие урбанистички документи навистина да се носат заеднички и да бидат по мерка на граѓаните, а не во интерес на урбаната мафија.

Поврзани вести

Светски ден за борба против ракот

Stefanija Kuzmanovska

Шилегов до опозицијата: Ако немате нешто паметно да кажете, барем замолчете!

Беќировиќ: Се води еден вид хибридна војна против Заев и Вучиќ

Александар Тодески

Џафери: Законските измени обезбедуваат финансиска независност и самостојност на собраниската администрација

Пратениците ќе гласаат за законот за ЈО, одбрана и Совет на јавни обвинители

Берта Китинска

СДСМ: Нови 777 социјални станови, гарантирана е помош за 34.000 домаќинства

Берта Китинска