МАКЕДОНИЈА

Боки 13: Снимките на Обвинителството се олицетворение на несериозност

Во продолжение на рочиштето за „Рекет“ беа презентирани нови снимки од страна на поранешната специјалната обвинителка, Катица Јанева која се гледа како е следена и тајно снимана од страна на МВР.

На снимките се гледа како има средби со нејзината сестра и синот. Според снимките, Јанева посетува и салон за убавина, а на една од снимките се гледа како посетува адвокатска куќа, па во просториите на СЈО.

Ресторанот „Ден и ноќ“ е следната локација на која е снимена Јанева како вечера со нејсзината сестра и уште две машки лица. Јанева со нејзината сестра се снимени како ја посетуваат и Геријатрија, каде што веројатно беше сместена нејзината веќе почината мајка.

Единствените прибавени снимки се олицетворение на несериозност, посочи првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски во приговорот.

– Овие докази од обвинителството, можам да забележам, дека јас сум само мало бебе, во однос на она кој прв доби куќен притвор, а сега е и осуден, додаде Боки 13.

Како се изготвени снимките и извештаите зависи од условите и можностите на полицијата, вели обвинителката Вилма Русковска.

Наредното рочиште е предвидено да продолжи утре во 10 часот.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Филипче: Ќе бараме дополнителни мерки, и покрај одлуките има собирање во групи

Кривични пријави за фирмите поврзани со 1ТВ и Боки 13 подготвува УЈП

Груевски се спаси од „Траекторија“, експертите бараат поостри казни за функционерите

Влатко Зорба

Филипче: Ќе побарам од владата заострување на мерките

Лукаревска: #МојДДВ ги покажува добрите резултати во и надвор нашата држава

Никола Поповски

Премиерот Заев со честитка по повод Божиќ: Ова се денови кога сме повикани во мир и спокојство да изградиме похуман и праведен свет

Никола Поповски