МАКЕДОНИЈА

Борјан даруваше крвна плазма: Оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество

Вчера, 24 годишниот Борјан даруваше крвна плазма за да им помогне на заболените од ковид-19, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Тој е излекуван пациент од овој непредвилив вирус и без размислување се одлучил да дарува конвалесцентна плазма за да спаси човечки живот. Горд сум што во овие тешки денови со светската здравствена криза на дело ги покажуваме нашата хуманост и грижа- напиша Филипче.

Младиот Борјан вели дека, оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество.

-Дарувањето на крвна плазма не е хуманост, ниту пожртвуваност, туку минимален чин на одговорност кој секој од нас е должен да го понесе за да им помогне на оние кои им е најмногу потребно – заболените од коронавирус. Оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество. Но, исто така преку дарувањето на конвалесцентна плазма им даваме и силна поддршка за белите мантили кои секојдневно се изложуваат на ризик во првите борбени редови против светската пандемија. Да ги спасиме нашите родители, баба и дедо-  вели Борјан.

 

Вчера, 24 годишниот Борјан даруваше крвна плазма за да им помогне на заболените од ковид-19. Тој е излекуван пациент од…

Gepostet von Венко Филипче am Donnerstag, 6. August 2020

Поврзани вести

МЗ: Тестовите кои ги користи „Систина“ се различен тип од тестовите на сите останати институции

Влатко Зорба

ОЈО: Нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот за МРП вакцините

Берта Китинска

Филипче: Просекот на новодијагностицирани секој ден се намалува, нема најава за нови мерки

КСС: Заразени се многу работници непочитувајќи и неприменувајќи ги насоките за заштита при работа

Stefanija Kuzmanovska

Пратениците ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО во вторник во 15 часот

Александар Тодески

Радман-Димитров: Хрватска силно ја поддржува позитивната одлука за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија