МАКЕДОНИЈА

Бројката на позитивни на КОВИД-19 се искачи на 828 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 312
Куманово – 200
Дебар – 49
Штип – 27
Прилеп –72
Тетово – 33
Струга – 43
Велес – 30
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар – 8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 21
Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста: Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.

Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев добива влада со стари и истрошени кадри

Никола Поповски

Потврда од МВР за инцидентот во Куклица: Приведени седум полицајци

Вооружен инцидент во Чаир: Пукал кон станот на соседите

Регистрирани 657 прекршоци за неносење маски

Никола Поповски

Заев: Оваa влада за 2 години ги покачи платите во образованието за 2.100 денари, а следи и ново покачување за 10% во 2020 години

Влатко Зорба

Бектеши: Гасификацијата се одвива според планираното

Viktor Jovanov