МАКЕДОНИЈА

Бројот на починати од коронавирусот во земјава се искачи на 193 лица

Во изминатите 24 часа регистрирани се 103 нови заразени со корона вирусот, но и пет починати. Тројца од починатите се од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г).

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во КБ Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни, информираат од Министерството за здравство.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 се искачи на 193.

Поврзани вести

Поднесени над 1.000 амандмани за т.н. предлог закон за легализација на дивоградби

Филипче: Наскоро дополнителни вакцини против грип

Влатко Зорба

Со функционална анализа до попродуктивно земјоделство во земјава

Христина Николовска

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Берта Китинска

МПС повикува МВР да не се вмешува во дневно политички настани

Берта Китинска

Спасов: Кога ќе го најдат Панчевски за притвор, нека ме повикаат и мене за изјава

Никола Поповски