МАКЕДОНИЈА

Бухова во самоизолација 14 дена, имала контакт со заразено лице

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), Ирина Бухова Сотирова ќе биде во самоизолација 14 дена откако била во контакт со заразено лице, стои на сајтот на ДЗСИ.

„По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство.

Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми.

Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома.

Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца“, посочува таа.

Поврзани вести

Авион од Милано утре пристигнува во Охрид, патниците прво на проверка кај епидемиолози

Александар Тодески

Премиерот Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Грција

Александар Петровски

Атиџе од „Медена земја“: Планирав да ја напуштам земјата, ми беше тешко, плачев

Viktor Jovanov

Во Кичево четворица новозаразени и шестмина оздравени од Ковид-19

Берта Китинска

Бошкоски: Време е зa нoви, пријателски и сериозни, мaкедoнски десни пaртии вo ЕНП

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Вие не сте она што мислите дека сте