МАКЕДОНИЈА

Цената на дизелот од полноќ поскапува за половина денар

Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според ова, дизелот ќе се продава по цена од 61,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 50,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 и оваа недела ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што веќе од утре неговата нова цена ќе биде 33,186 ден/кг.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,70 проценти, додека кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,23 проценти и кај Екстра лесното масло за околу 0,76 проценти.

Поврзани вести

Пендаровски: Срамота е што претходните претседатели не дошле во посета на најстариот синдикат

После четиринаесет години: Штитеници во Заводот за заштита и рехалибитација во Банско, денеска добија свој дом!

Стевановиќ: Голем број од смртните случаи многу доцна пристинале на Инфективната клиника

Да се „истурка“ септември биле потребни 33.621 денар

Влатко Зорба

Обвинителката Ристовска ги пронајде двете хаски: Немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство

Велковски: Македонија нема да има големи потреси во економијата поради Коронавирусот

Viktor Jovanov