МАКЕДОНИЈА

Членството во НАТО ќе се официјализира до 12 февруари, Џафери смета дека нема потреба од предвремена ратификација

Собранието нема предвремено да го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО, откако Педро Санчез и официјално го доби мнозинството да биде легален премиер на Шпанија. Очекувањата на македонските власти е Шпанија да го ратификува Протоколот пред 12 февруари, кога се распушта Собранието и официјално собранискиот спикер Талат Џафери ги распишува предвремените парламентарни избори, за овој парламентарен состав и официјално да даде зелено светло државата да биде членка на Алијансата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува во најкус можен рок Шпанија да го ратификува Протоколот, а целата постапка кај нас да заврши пред распуштање на Парламентот, па затоа нема потреба да се оди на предвремена ратификација. Според него, нема потреба да се постапува по владиниот предлог за итна ратификација на Протоколот.

Во меѓувреме, сите парламентарни партии се согласни дека ќе гласаат Северна Македонија и официјално да стане членка на најмноќниот воен сојуз. Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во изјава за медиумите рече дека веќе членството во Алијансата е само техничко прашање.

„Заедно со СДСМ и коалицијата е реализирана стратешката цел на државата, а тоа е интеграција на државата во Алијансата. Очекувам многу брзо да дојде ратификацијата на договорот“, рече Костадинов.

Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потврди дека опозициската партија ќе гласа позитивно за членството на државата во НАТО Алијансата.

А.Т.

Поврзани вести

Бушати, против ратификацијата на Спогодбата за отворање Културно – информативни центри во Тирана

Берта Китинска

Адеми: Како ќе им кажете на првоодделенците да држат социјално растојание, мислите нема да се гушнат кога ќе се видат?

Образованието како клучен фактор за развој на нашата земја – конференција „Вклучување на приватниот сектор за квалитетно стручно образование на идната работна сила“

Никола Поповски

Времето ќе биде сончево и топло со температура до 27 степени

Пуштена во употреба шестоседната жичница на Шапка

Берта Китинска

ЈСП направиле грешка при преводот на албанскиот јазик на новиот билет (фото)

Берта Китинска