МАКЕДОНИЈА

Чулев: Мора да има период на слободно движење, јас сум против 58-часовен полициски час

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во вклучување во дневникот на телевизија Сител потврди дека утрово имале седница на Координативниот кризен штаб за предлозите од Комисијата за заразни болести, како и дека според него карантинот од 58 часа не е добар за граѓаните, кои се под постојан притисок, како и за физичкото и ментално здравје.

– Јас го кажав мојот став на главниот координативен кризен штаб, а тоа е дека мора да има одреден период од денот каде што граѓаните ќе можат да се релаксираат и да ги извршат сите оние приватни обврски кои што ги имаат. Значи да нема ограничување во текот на денот од 58 часа во деновите недела и понеделник, додаде министерот Чулев.

Чулев ги повика верниците да се воздржат од прекршување на мерките и препораките, како и верските заедници да се придржуваат до овие ограничувања со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Поврзани вести

Бочварски и Јаќимовиќ разговараа за можноста за директна авиолинија со БиХ

Филипче: Ова се хероите кои деноноќно работат, тие се на работа, а вие седете дома (ФОТО)

Одбиени жалбите на Груевски, Јанкуловска и Поповски за случајот Тенк

Александар Петровски

Декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост е резултат на заедничката посветеност на сите пратеници

Седат, Јасмина и министерот Филипче на повторна средба една година од кобната несреќа кај Ласкарци

Влатко Зорба

Воведени нови ограничувања: За три дена регистрирани над 600 нови случаи со Ковид 19

Берта Китинска