МАКЕДОНИЈА

Чулев во посета на полицајците кои обезбедуваат лица во државен карантин

Министерството за внатрешни работи  Наќе Чулев ги посети  полициските службеници кои ги обезбедуваат лицата кои се сместени во државниот карантин во центарот на Скопје.

Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани кои од различни причини не можеле да се вратат во нашата земја. Транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект го врши овластен превозник одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а Министерството за внатрешни работи го придржува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.

-Од страна на полициските службеници бев запознаен со протоколите по кои тие постапуваат со цел да осигурат непречено функционирање согласно препораките од Министерството за здравство и останатите надлежни здравствени установи. Полициските службеници се поставени на влез во хотелот и на сите катови, со цел гарантирање и одржување на редот во објектот. Апелирав до нив да водат сметка за своето здравје и за својот живот, но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантискиот објект.Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денес во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји, изјави Чулев.

Поврзани вести

Во градинка во Чаир заболени од ковид-19 две воспитувачки, 4 деца во самоизолација

Рестриктивните мерки продолжуваат, укинувањето можеби од почетокот или средината на мај

Влатко Зорба

„Здравјето пред профитот“, средношколците и граѓаните протестираат пред Влада

Maja_Serafimova

Атанасовски: Иран и САД не би оделе кон избрзани чекори како војна, тоа е кревок регион

Манчевски: Дел од нашите обрвски кон НАТО е борбата против дезинформациите

user4

Пендаровски: Проблемот со загадувањето ќе биде разгледан на следната седница на Советот за безбедност

Влатко Зорба