МАКЕДОНИЈА

Чулев: За време на изборите секое постапување кое е во спротивност со законите, ќе биде санкционирано

Министерството за внатрешни работи за време на изборите ќе постапува бескомпромисно, доследно и крајно одговорно, со никаква толеранција кон какви и да се евентуални обиди за попречување на граѓанското право за слободно изразување на политичката волја, порача на денешната прес-конференција техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Секое постапување кое е во спротивност со законите, нагласи тој, ќе биде соодветно санкционирано, потенцирајќи дека казните за кривичните дела против изборите се во висина и до 10 години затвор.

Чулев информира дека МВР во моментот постапува и по добиени оперативни сознанија и пријави поврзани со изборни нерегуларности.

– Полициските службеници се столбот на овие парламентарни избори и во таа насока ги повикувам да останат на висина на задачата да не подлегнат на политичктите и криминалните притисоци и влијанија, рече меѓу другото Чулев.

МВР и целиот негов кадровски и организационен потенцијал, потенцира тој, се максиламно подготвени да се справат со сите предизвици односно да овозможат во доменот на своите законски надлежности и обврски мирно и непречено одвивање на изборниот процес. При тоа, плански и организациски, како што рече, полицијата целосно е посветена на постапување насочено како кон делот на законитоста на изборниот процес, така и кон делот на заштита на здравјето на граѓаните.

Министерот Чулев на прес-конференцијата посочи и за неколку случаи за обид за изборни нерегуларности.

Поврзани вести

САД и Франција дале поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ

Османи апелира до политичките партии да го прифатат амандманот на ДУИ за изборните единици

Петровска: Сеуште е рано за воведување на полициски час

Обвинителство ќе вложи жалба до Апелација за ослободителната пресуда кај „Млечен“

Берта Китинска

Винил хлоридот од ОХИС ќе се транспортира веднаш штом ќе дозволат временските услови, велат од МЖСПП

Берта Китинска

Претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со дожд