МАКЕДОНИЈА

Ципрас: Мицотакис да заземе став за позицијата на Самарас

Не може некој во еден момент да зборува за предавнички договор, потоа да кажува дека ќе го почитува или сега да бара да се повлече како што вели Самарас, затоа, господинот Мицотакис мора да заземе јасен став, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас.

Ципрас истакна дека станува збор за став на поранешен премиер и „човек кој и сега има многу големо влијание на пратеничката група на Нова демократија“ и коментираше дека Мицотакис мора да заземе став бидејќи е прашање кое не се однесува на внатрешно-партиските прашања, туку „за клучните теми што се однесуваат на кредибилитетот на земјата, во клучните национални прашања, мора да заземе јасна позиција“.

„Може ли тој самиот и неговата влада да го гарантираат овој договор? Го почитува овој договор, како што рече госпоѓа Бакојани, и ќе се придржува до него или Грција ќе треба се откаже затоа што не оди напред, како што побара господинот Самарас? Бидејќи ако Нова демократија, а главно владата, не разјасни дека може да го гарантира спроведување на Договорот од Преспа, тогаш остава широк отворен прозорец за дестабилизација, не само на регионот, што веќе постои, источно и југоисточно, туку и на северот на земјата. И тоа е голема национална одговорност“, вели Ципрас.

Поранешниот грчки премиер уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа е еден од најголемите успеси на претходната влада и дека за СИРИЗА е патриотски договор што дава можност за стабилизација на регионот.

Поврзани вести

Институт за јавно здравје: Над 10.700 заболени од грип сезонава

Stefanija Kuzmanovska

Готвачката елита викендов во Охрид на четвртиот „Гастромак“

Влатко Зорба

Симоновски: Контејнерите се палат намерно и тука не се работи за невнимание

Влатко Зорба

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито ќе одбележи 75 години од наставата на современ македонски јазик

Александар Петровски

Дуковски: Како е можно еден самонаречен естраден уметник да влијае врз првиот обвинител на државата?

Влатко Зорба

Калеска – Ванчева: Чулев ја нарушува работата на полицијата

Ивана Рамаданова