МАКЕДОНИЈА

Д-р: Даниловски: Рестриктивните мерки се нужно зло, добро се контролира бројот на случаи кои што бараат хоспитализација

Епидемиологот Доктор Драган Даниловски на „Само Вистина“ на „Канал 5“ ТВ изјави дека досега властите добро се носат со оглед на бројот на болни, со надеж дека со мерките кои што се сега преземени ќе вродат со плод и дека бројот на заболени ќе сопре или ќе стагнира за да не се соочиме со поголем број на болни во наредниот период.

Во однос на рестриктивните мерки, тој вели дека се „нужно зло“.

– Овие рестрективни мерки, кои јас ги викам средновековни мерки, бидејќи се користеле во 14 век за чумата во Европа и не се разликуваат од тогаш, се нужно зло. Станува збор за редуцирање на социјалните контакти и со тоа незибежно да дојде до намалување на бројот на болните. Она на што сме сведоци на бројот на регистрирани болни изминативе денови, тоа не мора да значи ништо. Тој број можеме да го толкуваме на 2 начини: мерките кои уште не се почнати допрва треба да резултираат со намалување на бројот на заболени од една страна, но од друга страна може да значи дека ако материјалите за тестирање не се земаат според методологија, туку ако се земаат колку имате тестови толку и тестирате. Доколку повеќе тестирате може да имате поголем број на заболени, доколку помалку тестирате бројката ќе биде помала во однос на позитивни, затоа не би се потпирал на овие бројки кои се регистрираат и се сервираат како позитивни бидејќи не се реална состојба на работите, вели епидемиологот.

Според него, најрелевантна бројка е бројот на хоспитализирани болни, односно за оние за кои што се бори да бидат што помалку за да не се оптеретат здравствените капацитети.

– Колку позитивни се добиле со различно тестирање, дали само врз основа на контакти или се одело на скрининг на поголема популација не е важно. Мислам дека добро се контролира бројот на случаи кои што бараат хоспитализација, тоа се средно, тешките и критично-тешките болни. И поентата на ваквите мерки е да седржи под контрола растотна тој вид болни што бараат хоспитализација за да не се преоптеретат здравствените капацитети. Поентата е да не се претрупаат болниците, вели тој

Поврзани вести

Битиќи: Нов модел на прогресивен данок, оние со помалку примања ќе плаќаат помал данок

Богоев го прифати предизвикот и засади три дрвја во Карпош 3

Влатко Зорба

Спасовски: Апелирам граѓаните за време на празниците да останат дома

Берта Китинска

Поради условите во Пепелиште, изолираните ќе се преместат во Демир Капија

Д-р Лазаревик: Какви се последиците на коронавирусот врз економијата станува клучна дебата

Влатко Зорба

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица