МАКЕДОНИЈА

Дали се спрема отпаден центар во Кавадарци на 150 метри од населено место?

Последниве денови на социјалните медиуми е активна компанијата „Зока Енерџи солушнс“ со најави за големи проекти за менаџирање со комунален отпад. Оваа компанија има слично име како „Зока Трејд“ што во 2016 година беше поврзана со режење на користени гуми во Кавадарци кои беа користени како алтернативно гориво. Познато е дека со оваа активност значително се зголемува загаденоста. Оваа компанија имаше добро портфолио на клиенти со оглед на тоа што порано индустриските капацитети може да користат до 2.000 тони месечно вакви гуми.

Се поставува прашање што има новата компанија заедничко со Зока Трејд? Дали е истата компанија која од 2016 година досега смени неколку активности од конзервиран зеленчук, преку користење на режани гуми до сега треман на отпад.

Според податоците во Централен регистар, Управител на „Зока Енерџи солушнс“ е Филип „Тајсон“ Блажев, а неговиот татко, Игор Блажев, стои како сопственик. Во 2017 година, „Зока Трејд“ поднела барање за дозвола „А“ за: третман на 100.000 тони годишно комунален отпад, третман на опасен отпад и третман на акумулатори.

Оваа апликација е за фабриката лоцирана во Кавадарци, во индустриското подрачје кое е во непосредна близина до населба со индивидуални живеалишта, оддалечена само 150 метри од местото, крај патот. Дали е тоа соодветна локација за постројка за третман на отпад?

Според апликацијата планирано е преостанатиот отпад да се чува на самата локација што, според познавачите на функционирањето на слични постројки и на регулативата за управување со отпад, е несоодветно. Локацијата на компанијата „Зока Трејд“ е веднаш до компанијата Кожувчанка во Дуброво, до општинска депонија.

Неодамна „Зока Трејд“ го смени и своето лого на влезот на фабриката во Кавадарци, тоа што претходно беше само „Зока Трејд“ сега е „Зока трејд: Центар за рециклирање на комунален и индустриски отпад“.

Кога станува збор за лиценца за животната средина, се наметнува прашањето како „Зока трејд“ или „Зока енерџи солушнс“, доколку има поврзаност, ја добиле оваа дозвола што подразбира третман на 100.000 тони комунален отпад годишно? Дали тие имаат капацитет, методологија и експертиза? Дали е направено истражување и проценка – елаборат за влијанието врз животната средина што работењето на оваа компанијата ќе го има?

За сите овие прашања, каков тип на отпад се обработува и со каков процес, какво искуство имаат и проекциите за капацитетот на обработка не комуналниот и индустрискиот отпад, дали постојат какви било врски со компанијата „Зока Трејд“ се обративме до управителот на „Зока енерџи солушнс“, Филип Блажев, но веќе две недели не добиваме одговор.

Изградбата на контролирани депонии за третман на отпад се приоритетни и суштински за справување со отпадот и за чистење, посебно на руралните средини од дивите депонии, но останува прашањето дали тоа се прави како што треба и дали овие депонии ги исполнуваат сите стандарди и прописи што се неопходни за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните – регулатива што наскоро и децидно ќе биде побарана од нас во претпристапните преговори за членство во ЕУ.

Поврзани вести

Заев денеска на средба со Мицотакис

Александар Петровски

Селмани: Комисијата за заразни болести воопшто не е партизирана, тие се експерти

Давидовиќ: Судиите се вмешани во политиката, судството не е самостојно

Viktor Jovanov

Димовски: За првпат Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци

Полициски инспектор негира дека осомничен во случајот ,,Монструм” бил тепан

Александар Петровски

Пендаровски – Биерлејн: Северна Македонија и Австрија се карактеризираат со меѓусебна доверба и почитување

Влатко Зорба