МАКЕДОНИЈА

Дамјановски: 70 отсто од лустрираните беа наместени, не соработувале со службите

Чедомир Дамјановски член на комисијата за верификација на фактите во денешната дебата на ТВ Алфа изјави дека 70 отсто од лицата кои беа осудени како соработници на службите во минатото се безправно лустрирано. Според него голем дел од случаите биле наместени и промашени.

-70 отсто од случаите не беа за лустрирање, чист промашај или чиста местенка. За да бидете соработник на службите треба свесно, тајно, контонуирано и да има писмен документ дека некој бил соработник на службите. Ниту еден од нив немаше писмен договор за соработка со органот, вели Дамјановски.

Тој смета дека сепак треба да се преиспита одлуката за укинување на лустрацијата од причина што таму сепак имало луѓе кои соработувале со службени, а со поништување на лустрацијата постои можност тие да добијат и оштетување за тоа.

-Не може со политичка одлука да се укинуваат одлуки на институциите. Со поништувањето може да се случи оние кои навистина биле соработници да им се даде и оштета. Во секој случај треба да се преиспита одлуката за укинување на лустрацијата, вели Дамјановски.

Тој додава дека најголем дел од одлуките за лустрирање биле донесени со консензус, но имаше и жолчни расправи за одредени предмети.

-Имаше многу случаи каде беше дојдено до забуна, две лица со исто име и презиме, а погрешниот беше лустриран безразлика што носеа документи со кои докажуваа дека не соработувале со државната безбедност, вели Дамјановски.

Поврзани вести

Кривични пријави за фирмите поврзани со 1ТВ и Боки 13 подготвува УЈП

Раководството на Герешајмер импресионирано од локацијата и поддршката од Владата

Влатко Зорба

Групно тестирање на контактите на ексдиректорката на Кожно во понеделник

Пожарникарите и доброволците кои помагаа во Албанија добија благодарници од Град Скопје

Влатко Зорба

Жбогар: Добивањето датум за преговори во март зависи од членките на ЕУ

Viktor Jovanov

Георгиески: Развоен буџет на Општина Охрид за 2020 година

Влатко Зорба