МАКЕДОНИЈА

Даниловски: Имаме 13 илјади недетектирани случаи, пресметката е врз математички модел

Доктор Драган Даниловски за „Само Вистина“ изјави дека според пресметка врз математички модел од научници во Универзитетот во Гетинген, бројот на заразени во светот е поголем од што се прикажува.

„Ние досега имаме 711 случаи и процент на смртност од 4,5 проценти. Според неофицијална, моја пресметка, врз основа на овој модел, доаѓаме до податок дека ние реално имаме 13 илјади заразени недетектирани. Тоа е сепак една респектабилна бројка, на која мора да се мисли“, смета епидемиологот.

Тој исто така додава дека, според последни студии, било каква маска на лицето, шамија или било што друго, го намалува ризикот да се заразите за 70 проценти, што е исто така респектабилна вредност.

„Затоа јас би рекол да носите маски и во затворено, ако има повеќе луѓе околу вас“.

Даниловски изјави и дека тестовите сами по себе не се релевантни, доколку не се искомбинирани со клиничката слика, со услов доколку постојат симптоми на болеста.

„Секогаш мора да има клиничка проценка, покрај лабораториската проценка“, вели докторот.

 

Поврзани вести

Лукаревска појасни како изгледа опцијата за донирање на средствата од „МојДДВ“

Влатко Зорба

Филипче: Преземаме построги мерки додека имаме малку заразени за да не ни се случи Италија

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за опозиција

Viktor Jovanov

Сопственикот на „PlayZone“: Известувањето беше во сила се до последните мерки на Владата

Влатко Зорба

Спасовски: Не сме во иста ситуација како во 2016 година, сега обвинителството функционира

Viktor Jovanov

ЗНМ го осудува односот на вработените во Уставниот суд кон новинарите

Влатко Зорба