МАКЕДОНИЈА

Давидовиќ: Судиите се вмешани во политиката, судството не е самостојно

Кога еден обвинител ќе каже дека одреден судија, во случајот судијката Добрила Кацарска влијаела врз одреден предмет, во случајот „Империја“, ова ја покажува состојбата на нашето судство, нешто на што укажуваме со години. Домашата експертска јавност која жестоко се бунеше и укажуваше на проблемите во правосудството не беше послушана и сега доаѓа дека систем сам се руши во себе. Стефанова е дел од тој систем и тоа што го кажа би било многу смешно да не е трагично. Ова е забава за мали деца и укажува колку се некадарни и со мал капацитет на независност нашите обвинители, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ во денешната дебатна емисија на Алфа телевизија.

Ова е показател колку се вмешани судиите во политиката и колку многу судството е несамостојно, необјективно и некадарно да се справи со криминалот исто како и обвинителството. Ако еден обвинител кажува за политичката ситуација во земјата, тоа е срамно, тоа е нешто што обвинителството не смее да го интересира. Една обвинителка точно го опиша судството, тоа беше „сваровски“ судство, сега треба да има друг назив за ова судство, со кое не треба една земја да се гордее и може да каже дека има правен систем, вели Давидовиќ.

Според адвокатот правнот систем е дојден до дното и потребен е длабински рез и проветрување на целиот правосуден систем и простор од, како што вели, ваквите луѓе, кои не можеле да ја сфатат својата функција.

Поврзани вести

Продолжува судењто за „Титаник“, „Титаник 3“ и „Маџар телеком“

Ивана Рамаданова

Бесплатна градинка за децата Роми во уште три општини

Влатко Зорба

Џамиите во Кичево ќе бидат отворени само за петочна молитва

ФОТО: Дебар блокиран со полиција, се дезинфицира целата општина

Заев: Почнаа работите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион

Ивана Рамаданова

МТСП: Сместување и финансиска помош за семејството чии деца трагично загинаа во пожар во Шуто Оризари

Ивана Рамаданова