МАКЕДОНИЈА

Делегација предводена од премиерот на маса со лидерите на земјите – членки на НАТО

Сверна Македонија на 3 и 4 декември ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на Алијансата кој ќе се одржи во Лондон. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав ќе бидат и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров.

Земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО, со оглед дека за десет месеци Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки. Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Во пресрет на самитот, на последниот координативен состанот одржан вчера во Скопје, на кој присуствуваа министерката Шекеринска и шефот на дипломатијата Димитров и шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанкович, Шекеринска изрази благодарност до полковникот Јанкович во име на Владата, но и граѓаните, бидејќи, како што рече НАТО канцеларијата беше тука и во добро и во лошо.

„За неколку дена во Лондон се организира лондонскиот лидерски Самит, на кој прв пат ќе имаме прилика да седнеме на иста маса со лидерите на најмоќната Алијанса во историјата на човештвото. Прв пат нема да дозволиме некој друг да дискутира за нас, туку ние ќе седнеме на масата, на која се носат одлуки кои имаат важност во светски рамки“, нагласи Шекеринска.

Димитров истакна дека веќе е подготвен нацрт-закон за ратификација на Северноатлантскиот договор. Потсети дека неодамна учествувал по втор пат на министерски состанок на ниво на шефови на дипломатии на земјите од НАТО во Брисел.

„Укажав дека нашиот ентузијазам го насочуваме во завршување на реформите, ја почитуваме заложбата во однос на споделувањето на товарот, како што кажа генералниот секретар Столтенберг, убаво е да се има пријатели, моќни пријатели“, рече Димитров.

Полковникот Јанкович изрази задоволство што имал можност со Шекеринска и Димитров да направат резиме на сите случувања и активности пред престојниот Самит, на кој, како што рече, ќе се дискутираат важни прашања за Алијансата.

„Ќе имате можност да седите на иста маса со лидерите на НАТО, што е важен знак за вашата посветеност и напорите, што ги направивте изминатите две години. Ова е резултат на работата на оваа Влада, но ќе потенцирам дека тука голема заслуга имаат министерствата за одбрана и за надворешни работи“, посочи Јанкович.

Според Јанкович, по официјалното членство, земјата треба да продолжи да работи во насока на интеграција на структурите на Армијата, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи.

До крајот на годината се очекува да имаме и нови простории за нашата мисија во НАТО во Брисел, откако Владата на седница даде зелено светло за купување на истите.

Поврзани вести

Тачи: Првиот предлог беше декември, но се согласивме за 12 април

Влатко Зорба

И лидер и кум: Мицкоски ја прекрсти Коалицијата за подобра Македонија во Коалиција за обнова на Македонија

user5

Коалиција Маргини: Собранието да ги образложи причините за поништувањето на огласот за избор на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација

Влатко Зорба

Неделков: Ако нема договор, нема можност да се помести датумот за штрајк

„Нема пријава до МВР дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, тврди Чулев

Заев од Женевa изрази надеж дека на Самитот во Загреб ќе има позитивна одлука и за Република Северна Македонија

Влатко Зорба