МАКЕДОНИЈА

Денешното и следните рочишта за „Таргет-Тврдина“ затворени поради сведочење на вработени во поранешна УБК

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина”, но рочиштето ќе биде затворена за јавноста, од причина што ќе сведочат вработени од поранешно УБК. Застапниците на обвинението изјавија дека и следните рочишта ќе бидат затворени за јавноста токму од оваа причина.

Предметот е во фаза на презентирање сведоци. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

Поврзани вести

Собрани дваесет крвни единици во крводарителска акција во Кавадарци

Во Кичево четворица новозаразени и шестмина оздравени од Ковид-19

Берта Китинска

Против корона со гас маска (ФОТО)

Нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Берта Китинска

Филипче: Детската клиника постави монтажна општа амбуланта

(ВО ЖИВО) Прес конференција на Спасовски и Филипче

Влатко Зорба