МАКЕДОНИЈА

Денеска сончево и студено

Во Берово изутрина во 7.00 часот се измерени – 12 степени,  – 9 во Скопје-Петровец, Штип, Битола и Маврово, – 8 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и  Струмица.Во Скопје Зајчев Рид, Лазарополе, Куманово и Дебар температурата изнесувала – 7 степени, – 6  во Охрид, -5 во Претор и во  Крушево, -2 во Гевгелија, 0 во Дојран.

Висината на  снежната покривка во Маврови Анови е 11 сантиметри, а 4 на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести

АРМ: Наша должност е да го дадеме максимумот во спроведување на мерките (фото)

Позитивните на Ковид-19 ќе гласаат на 13 јули под посебни услови

Заев: Северна Македонија е граѓанска држава и слободна татковина на сите граѓани

Берта Китинска

Ректор Јанкуловски: 31 студент добиваат стипендија од 1000 евра

Берта Китинска

А1: Проблемот со воспоставувањето на повици е надминат, се работи на процесот со СМС пораките

Мијалков и Груби на кафе средба во „Мериот“