МАКЕДОНИЈА Хроника

Десет мигранти пронајдени во напуштено возило во Ваксинце

На локалниот пат с.Слупчане-с.Ваксинце, синоќа околу 23,50 часот полициски службеници од Полициска станица Белановце патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, пронашле 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Какошто денеска информираат од МВР полицијата се обидела да го запре патничкото моторно возило „рено лагуна“, кое не застанало, а потоа пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Поврзани вести

Европските Социјалдемократи не се согласуваат со сите аспекти на предлог реформата на методологијата за проширување

Влатко Зорба

Намалени нарачки и отпуштања на работници: Се остварува црното сценарио во текстилните фабрики

Никола Поповски

Делегација на војската на Србија во посета на земјава

Stefanija Kuzmanovska

Џафери за „Монструм“: Немав контакт со роднините на обвинетите

Влатко Зорба

Чулев: Безбедносната ситуација на јужната граница е стабилна

Влатко Зорба

Спасовски: Вељаноски не прифати да се расправа за избор на претседател на Собранието