МАКЕДОНИЈА

Дескоска: Мицкоски се спрема за опозиција, но се плаши како да ја пласира таа информација

Јасно му е на Христијан Мицкоски дека нема да дојде на власт, но се плаши пи-аровски како да ја пушти таа порака. Нашите мотиви да се отргнеме од оваа стратешка определба, опозицијата да го бира Јавниот обвинител е дека практично видовме кои се барањата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на избор на Јавен обвинител. ВМРО-ДПМНЕ инситираат по секоја цена предметите на СЈО тие да ги раководат, и тоа покажува зошто тие бараат да го бираат јавниот обвинител, изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

-Мицкоски доколку бил сигурен дека СДСМ ќе оди во опозиција и тогаш да го избира јавниот обвинител, немаше воопшто да го споменува овој предлог. Во делот на набројувањето на забелешките никаде не го спомна начин на избор на обвинител бидејќи беше свесен доколку побара од опозицијата тоа да го прави, е сигнал дека се спрема за опозиција, вели Дескоска.

Според министерката доколку ВМРО-ДПМНЕ поддржува европска иднина на Македонија, ќе го поддржат законот за ЈО.

-Почнаа да пристигнуваат сигнали за квалитетот на законот и дека би било добро да се донесе за добивање датум за преговори. Ние имаме обврска да донесеме закон кој нема да затвори случаи. Секое барање за затворање на судски и предистражни постапки, не може да биде прифатено. Ќе пратиме сигнал дека амнестираме некого со законски одредби, вели Дескоска.

Поврзани вести

Османи: По договорот со Бугарија за добрососедство има напредок и во историските и политичките интерпретации

Полициски час во недела (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ТОАРИЛУЦ со нова современа хируршка метода без отворање на ’рбетниот столб

Берта Китинска

Пановски: Треба да се отворат само градинките, професорите и наставниците се поризична група од децата

Груби: Точно е, преведував во „Жолтата куќа“ и не гледам ништо спорно во тоа

Вучиќ рече дека не се плаши од нападите поради усвоената Декларација за регионална соработка

Влатко Зорба