МАКЕДОНИЈА

Дескоска сподели искуства за Ковид-19 со министри од неколку европски држави

Министерката за правда Рената Дескоска преку видео-конференција со нејзини колеги од неколку европски држави споделила искуства поврзани со справување со ситуацијата со Ковид-19, кои пред сè, се однесуваат на правосудниот и затворскиот систем.

Од Министерството за правда соопштија дека таа во своето обраќање, истакнала дека мерките коишто се преземаат во областа на правдата во земјава, се мерки и решенија коишто во голема мера се идентични со оние од европски држави.

– Дескоска потенцираше дека во поглед на постапувањата во судовите и обвинителствата, Република Северна Македонија ги искористила искуствата од Австрија, според кои судовите и обвинителствата постапуваат исклучително само за итните предмети и оние за кои постои опасност од застарување, наведоа од Министерството.

Имено, министерката за правда ги споделила искуствата и решенијата преземени во поглед на запирањето на извршувањето, со кои им се помага на граѓаните во овој тежок период.

На видео-конференцијата учествувале австриската министерка за правда Алма Задиќ, албанската министерка за правда Етилда Ѓонај, претставници од српското и босанското Министерство за правда, директорот на Одделот за ЕУ и меѓународни односи од Министерството за надворешни работи на Холандија, Роб Хујсер, како и претставници од италијанското и француското Министерство за правда.

Поврзани вести

Најнов биланс: 35 заразени и 5 смртни случаи, рекордни 1120 тестирања

Никола Поповски

Димитриевски: Верував и сè уште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот

Нови судии и обвинители преку „брза трака“, по изборите и ветингот

Viktor Jovanov

Петрески: Нема драстичен пад на платата, мерката за задржување на работните места си ја заврши улогата

Бабовски: На располагање се нови средства за сточарите кои набавиле назимки и пчелини матици

Влатко Зорба

Филипче: Од следната недела ќе почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника