МАКЕДОНИЈА

„Детектор“: 25 отсто од граѓаните велат дека останале без работа поради корона кризата

Една четвртина од граѓаните велат дека останале без своето работно место поради корона кризата, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 25,8% од анкетираните велат дека или тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем. 14,4% од граѓаните велат дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле.

47,4% велат дека немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% велат дека донекаде имаат намалување на приходите.

Поврзани вести

Живковиќ: Стекнатите права на граѓаните не може никој да ги одземе

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка

Влатко Зорба

Јовановска: Пациентките им се закануваат на лекарите ако ги ставиме во изолација

Се одлагаат јавните седници и расправи закажани за наредниов месец пред Апелациониот суд

Stefanija Kuzmanovska

Емир Усеини од Тетово со апел: Не кријте дека го имате коронавирусот (ВИДЕО)

Исјановски: Брисеви се земаат на четири пункта, ако треба ќе се отвори и петти во Ѓорче Петров

Влатко Зорба