МАКЕДОНИЈА Политика

ДИК прифати 1.430 пријави за гласање на македонски државјани од дијаспората

Државната изборна комисија (ДИК) досега прифатила 1.430 пријави за гласање на македонски државјани што живеат или се на привремена работа во странство за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април.

Од дипломатските конзуларни претставништва на Северна Македонија, до ДИК пристигнале 1.517 пријави, но прифатени се само 1.430.

Најмногу прифатени пријави има од наши државјани од Венеција 164, потоа од Берлин 151, од Берн -136 и од Мелбурн 80.

Рокот за пријавување на нашинците за гласање во дијаспората завршува на 11 март на полноќ, како и јавниот увид во Избирачкиот список, што е во тек и се однесува на сите граѓани со право на глас.

Македонските државјани на парламентарните избори треба да гласаат на 11 април. Избори во дијаспората ќе се организираат само доколку за гласање се пријават околу 6.700 гласачи и доколку во местата за гласање има пријавено над 10 избирачи.

Поврзани вести

Заев пристигна во Србија

Влатко Зорба

Салиу: Полицијата ги ослободи лицата кои што беа приведени во Сингелич, граѓаните ја ослободија улицата

Влатко Зорба

НОВА: ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Силјановска

Влатко Зорба

Сопругата на Битиќи: За вас неуките кои велат дека Ковид-19 не постои!

Влатко Зорба

Спасовски: Турција е наш кредибилен, доследен и принципиелен поддржувач со кого споделуваме заеднички цели и предизвици

Никола Поповски

Стаменковска: Власта сака нешто да скрие, затоа ја објави „Отворени финансии“