МАКЕДОНИЈА

Димишков сведочи во „Рекет“: Камчеви сакаа да ме искористат

На денешното рочиште за случајот „Рекет“, на кое се врши сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13, прв сведочеше адвокатот Васил Димишков.

Бранителот на Јовановски, Сашо Дуковски го праша сведокот дали и кога имал контакти со Владимир Ефтимоски, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка А.Д. Битола.

„Во 2018 банката имаше еден предмет за измама на банката за лице кое не го враќаше кредитот. На една средба со Владимир во август ми кажа дека и Камчев сакал да се види со мене во врска со предметот. Владимир ми кажа кога да појдам во канцелариите кај Камчев во „Систина“. Имав средба со Камчев и на таа средба ми извади телефон на кој ми покажа слики од документи. Успеав само да прочитам „НАРЕДБА“, а доле потпишано Весна Димишкова. Малку бев стаписан бидејќи мислев ќе разговараме за предметот на банката, а не за ова“, изјави сведокот.

Димишков потоа го прашал зашто се работи, а бизнисменот побарал од него да го вклучи како адвокат во неговиот адвокатски тим.

„Го прашав за што ме ангажира конкретно. Тој ми рече дека за неколку дена ќе ме информира. Камчев потоа не ме повика и на тоа заврши се. Откако му беше определен притворот, ме бараа мои роднини и пријатели кои ми збореа дека треба да му се помогне на Камчев. Меѓу нив беше и Зоран Милевски Кичеец на кој што иако му имав кажано дека јас не можам да му помогнам, тој инсистираше средби, на кои се бараше да ме ангажираат како бранител и за адвокатската награда. Во една прилика тој направи средба и со сопругата Ана Камчева. Кога се видов со Ана таа ми појасни дека имаат стратегија на одбраната и дека планираат и мене да ме вклучат во тимот. Повторно зборевме за одбараната на Камчев иако јас им реков дека тоа е тешко изводливо. Според Постапката и законските рокови, такво нешто е невозможно. Камчева ме сфати и од тие причини се согласи со мене“, сведочеше Димишков.

Според него, таа средба завршила со договор да биде направена пресметка за неговиот ангажман.

„Може не бев во право, но сметав дека тие сакаат да ме искористат, дека ако бев ангажиран судијата на предметот односно мојата сестра ќе биде иземена од предметот“, истакна Димишков.

Во продолжение Димишков сведочеше како успеал да ги „откачи“ Камчеви и Кичеец.

„Откако им ја соопштив сумата за мојот ангажман со која бев сигурен дека нема да ја прифатат, од тогаш Камчеви и Милевски веќе не ме бараа“, посочи сведокот.

Димишков во своето сведочење, истовремено појасни од каде го познава и Бојан Јовановски и како бил побаран да биде ангажиран за телевизијата и Меѓународниот сојуз.

Тој појасни дека во комуникација со Боки, тој во ниеден случај не го спомнувал СЈО, ниту пак Катица Јанева.

Сведокот, исто така, потенцираше дека ниту ја познавал ниту имал било каков контакт со Јанева.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Пендаровски: За нас не постои подобра алтернативa од интеграцијата во ЕУ

Maja_Serafimova

„АД“ ја препорачува земјава меѓу петте туристички дестинации за 2020

Влатко Зорба

Владата го демантира ВМРО-ДПМНЕ: ДУРА е веќе оперативна и ќе има илјада вработени

Во Собранието ќе се одржат седници на Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија

Три нови случаи позитивни на коронавирусот во земјава

Берта Китинска

Ширењето на КОВИД 19 кај нас и во други земји

Stefanija Kuzmanovska