МАКЕДОНИЈА

Димитров: Договорот од Преспа е дел од нашиот систем, мора да се почитува

Минисрерот за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со неговиот грчки колега, Никос Дендиас испрати благодарност до Грција што го потпиша писмото за поддршка за почнување на преговори на Европската Унија со Северна Македонија задено со 16 земји членки на Унијата.

„Зборувавме за новата ера за нашите односи и дека Преспанскиот договор е од клучна важност за развојот на односите на двете земји. Разговаравме за првата средба на експертите за трговските марки, како и за отварањето на нови гранични премини. Хеленската Република останува важен пријател и стратег. Без разлика на предвремените избори, во согласност со самата содржина и текстот на договорот од Преспа, дали опозицијата има ист став е повеќе прашање за нив. Битно е да се знае дека договорот е дел од нашиот систем. Договорите мора да се почитуваат. Прашањето ќе биде хипотетичко, бидејќи нема да победи опозицијата на изборите“, истакна Димитров.

Според него, ако договорот бил постигнат во 90-тите години, сега односите меѓу двете земји ќе биле многу понапред.

„Договорот отвори огромен потенцијал за соработка помеѓу две соседни европски држави. Ако го решевме прашањето во 90-тите години, ќе бевме сега многу напред. Колку користиме многу во деловите каде имаме интерес и двете страни, толку полесно ќе стане почитувањето и толку следните генерации ќе им е почудно зошто толку е потрошено на ова прашање. Договорот создава повеќе правни обврски за нашата страна, но и делови каде имаме еднакви обврски, како брендовите и трговските марки. Важно е да имаме разбирање и почит за грижата на другата страна, ако го направиме тоа, ќе бидеме двете држави големи“, потенцираше министерот за надворешни работи.

Александар Тодески

Поврзани вести

Спасовски на фејсбук сo спот за менталното здравје во вонредната состојба (видео)

Костадинов: Поднесени 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво

Атанасовски: Членови на Комисијата за заразни болести требаше да бидат професорите Пановски, Даниловски и Маркоски

Поради замена на потрошен дел, невалидни податоците за квалитетот на воздухот од станицата во Гази Баба

Влатко Зорба

Мицкоски: СОНК побара средба со мене, а потоа избега и не дојде

Влатко Зорба

Скопските општини денеска со многу ниска концентрација на штетни честички во воздухот

Влатко Зорба