МАКЕДОНИЈА

Димитров: Има една формула за успех – потребна ни е добра методологија

Ако сака да биде позитивна сила, да поттикнува политика на компромис, да стимулира прореформски влади, ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија. Има една формула за успех: потребна ни е добра методологија, чесен пристап кон имплементирање на истата и политичка волја од двете страни. Влогот е огромен, порача министерот Никола Димитров на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“, во рамките на 56-та Минхенска безбедносна конференција.

На маргините на конференцијата министерот Димитров и денеска оствари повеќе билатерални средби и тоа со Жан Аселборн, МНР на Луксембург, Дејвид Харис, Извршен директор на Американско-еврејскиот комитет, Ричард Мур, Генерален директор за политички прашања во британскиот Форин Офис.

Главниот акцент на разговорите, како што соопшти МНР, беше ставен повторно на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја, во пресрет на клучните моменти за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори.

Министерот Димитров учествуваше и на работната вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде и извршниот директор на Google Jigsaw Џеред Коен, на која почесен гостин беше американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Поврзани вести

Со финансиска поддршка од ЕУ и хрватски искуства ќе се зајакнуваат меѓународните воздухопловни стандарди во државава

Судењето за случајот „Титаник 3“ се одложи за 25 март

Контролирана депонија во Неготино: Опасност или тенденциозно ширење на паника?

Костадинов: Поднесени 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво

Татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола заработи притвор од 30 дена

Николовски: Можеби одложувањето на изборите е желба на ВМРО ДПМНЕ за да купат уште малку време

Никола Поповски