МАКЕДОНИЈА Политика

Димитров на средба со Чолош и Ќучук: Поддршка за отворање на пристапните преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со европратениците од политичката група „Обнова на Европа“ Дачијан Чолош од Романија, претседавач со групата во ЕП и Илхан Ќучук од Бугарија, известител за Северна Македонија и член на АФЕТ.

Димитров се заблагодарил за интензивната поддршка на Европскиот Парламент во изминатиот период во однос на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и добивањето на заслужената одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.

Како што соопштија од МНР, шефот на дипломатијата Димитров информирал за последните внатрешно-политички случувања во земјата, во пресрет на предвремените парламентарни избори и за последните остварени реформски активности.

Тој ја истакнал важноста од позитивниот исход на мартовскиот состанок на Европскиот совет, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион.

– Благодараност за посетата во овој клучен период со што се испраќа сигнал за поддршка за отворањето на пристапните преговори со ЕУ, препознавајќи го значењето на моментот како и се’ она што земјата го стори на патот кон ЕУ, рекол Димитров.

Чолош на министерот Димитров му ја презентирал усвоената политика на пратеничката група во ЕП „Обнова на Европа“ во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан.

Како што стои во соопштението, соговорниците размениле мислења и околу можноста за вклученост на Регионот во рамки на Конференцијата „Иднината на Европа“.

Поврзани вести

Палмер: Дојдов во Скопје да разговарам за последните случувања во регионот

Александар Тодески

Неделков ги повика ректорите да прекинат со постапката за создавање нови синдикати

Stefanija Kuzmanovska

Уништен видиковец на Водно

Никола Поповски

Анѓушев: Крајната цел на нашите напори е изнаоѓање соодветни, иновативни решенија како одговор на климатските промени

Влатко Зорба

Живковиќ: Стекнатите права на граѓаните не може никој да ги одземе

Презентиран дрон што овозможува автоматска детекција на подземни мини

Влатко Зорба