МАКЕДОНИЈА

Димитров за пандемијата: Ова е можност да пораснеме како народ

„Се соочуваме, како и целиот свет, со криза од историски пропорции, веројатно најголемата криза од Втората светска војна.
Се бориме со вирус за кој, за жал, човештвото се’ уште не знае доволно“, пишува министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил.

„Овој предизвик од нас бара да го извлечеме најдоброто од себе. Да ја прифатиме реалноста дека она што до вчера беше нормално и едноставно, денес е многу комплицирано. Да ги почитуваме препораките на епидемиолозите и одлуките на Владата втемелени на овие препораки.

За многу од нас тоа значи да се седи дома, да се избегнува излегување, да се нема контакти. Кризата од нас исто така бара да бидеме и човечни и солидарни, да покажеме заедништво. Да бидеме мудри, да бидеме повнимателни кон сограѓаните, особено со јавниот збор.

Покрај мобилизација на сите ресурси во борбата против коронавирусот, за оние од нас кои имаат јавни служби, зборовите должност и служба треба да добијат уште поголема тежина. Сите сме сведоци на пожртвуваната работа на медицинскиот персонал.

Институциите никогаш претходно не се соочиле со ваков предизвик и се наоѓаат на нова територија. Нивно е да даваат се’ од себе, секој ден, секој саат. Ќе има успеси, ќе има и неуспеси. Но, како што вели Черчил, ниту успехот е финален, ниту неуспехот е фатален. Клучна е храброста да се продолжи, со научени лекции.

Човештвото ќе ја победи пандемијата. Но, низ маката ќе излезе поинакво. Секоја криза крие и можност. Оваа голема непогода, пандемијата, е истовремено и можност да се сплотиме и да се очовечиме повеќе. Да пораснеме како народ. Од секој од нас зависи во која мера ќе ја искористиме“, додава Димитров.

Поврзани вести

Хотелиерите подготвени, но без гости – процедури за хотелскиот дел

Stefanija Kuzmanovska

Јанева: Дали треба да се вклучат двата состави на влади и четирите министри за финансии кои го одобрувале буџетот и исплатите на СЈО?

Никола Поповски

Забраната за влез во Грција продолжена до 25-ти октомври

Берта Китинска

УСЈЕ: Резултатите од вонредната контрола докажаа дека работиме според највисоките стандарди

Берта Китинска

Јосифовска: Актот за времен пасош на Камчев до мене дојде на невообичаен начин

Чулев: Владата ми поништи само пет решенија, а во Службен весник беа објавени дополнителни 124 поништувања

Александар Тодески